Неопходна е примена на законите за животна средина
Имаме европски усогласена законска регулатива, но недостасува практична примена. Стопаснската комора тргна во сесија дискусии, пред сѐ, со малите и средни претпријатија, каде лежи проблемот. Инаку, на македонските општини им недостасува катастар на загадувачи на животната средина.

Со 100-тина законски прописи, во македонското национално законодавство е спроведено европското за заштита на животната средина, но проблем е практичната примена. Непоходни се директни контакти и објаснувања, пред се, со малите и средни претпријатија за дасе види запнува примената, велат експертите.
Половината македонски фирми сметаат дека овие регулативи им се најголем проблем, заедно со царинските, даночните и од работните односи.
Што се однесува до заштитата од загадување на воздухот, водата, почвата, македонските општини имаат актуелен проблем. Само една во државава изготвила катастар на загадувачи.
Според Државниот завод за статистика, трошоците за заштитата на животната средина во 2015-та изнесувале 1,06 насто од Бруто домашниот производ. Преку половината се за постапување со отпадот, 14 проценти за заштита на воздухот, а 12 насто за системи за снабдување со вода.
Елизабета Митреска
