Нова инвестиција: Германски „Франц Кил“ ќе инвестира во Желино

06.04.2017 12:32

Брауфилд инвестицијата ќе почне со работа од 1-ви јуни. Компанијата ќе произведува седишта и други делови за автобуси и за железницата.

Германската компанија „Франц Кил“ ќе инвестира во тетовскиот регион, во Желино. Инвестицијата е вредна околу 7 милиони евра. За почеток ќе се отворат 60 работни места со план бројката да достигне 350.

Брауфилд инвестицијата ќе почне со работа од 1-ви јуни. Компанијата ќе произведува седишта и други делови за автобуси и за железницата.

Извршниот директор на компанијата, Герхард Хелвек истакна дека во Македонија се одлучуваат да инвестираат поради стабилноста во индустријата и едукацијата на кадарот кој според него се основа за успех на компанијата.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека седиштата за автобусите за Ван Хул комплетно ќе се изработуваат во Македонија, а компанијата се надева дека ќе работи и за други произведувачи.