Собрание: СДСМ бара да се гласа за претседател, за ВМРО-ДПМНЕ тоа не е според Деловникот

06.04.2017 12:39

Оливер Спасовски од СДСМ на почетокот на седницата врз основа на Деловникот побара поддршка од десет пратеници за да се премине на четвртата точка од дневниот ред и да се избере претседател на Собранието.

На продолжението од конститутивната седница, расправата заглави кај толкувањето на Деловникот. Додека СДСМ бара да престане расправата за избор на членови на Комисијата за избор и именувања и веднаш да се премине на избор на претседател на Собранието, претседавачот Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека така би се прекршил Деловникот.

Оливер Спасовски од СДСМ на почетокот на седницата врз основа на Деловникот  побара поддршка од десет пратеници за да се премине на четвртата точка од дневниот ред и да се избере претседател на Собранието.

Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинема расправата по оваа точка и да се премине на 4-та точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието, рече Спасовски.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека на седницата се постапува согласно Деловникот на Собранието, кој предвидува да не може во сред расправа по точката да се премине на расправа на наредната точка.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се прави политичко насилство во Парламентот, истакнувајќи дека прво треба да се формира Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а потоа да се избере претседател на Собранието.