Продолжуваат протестите во Србија против Вучиќ
06.04.2017 12:50
Демонстрациите се проширија во 24 градови.

Илјадници српски граѓани повторно протестираа во Белград против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори.
Демонстрациите се проширија во 24 градови. Граѓаните тврдат дека изборите не биле спроведени во демократски услови, а Вучиќ создал диктатура.
