„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

06.04.2017 13:12

Организаторите вчера маршираа до Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, каде што се наоѓа Декларацијата за независност на Република Македонија.

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бара отфрлање на Тиранската платформа.

Организаторите вчера маршираа до Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, каде што се наоѓа Декларацијата за независност на Република Македонија.

Од граѓанската иницијатива велат дека ќе протестираат, сѐ до исполнувањето на барањата.