Се очекува одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај

06.04.2017 14:33

Властите го приведоа кога слета во Франција на 4 јануари на барање на Србија којa го прогласи за воен злосторник поради улогата на лидер на герилскиот бунт во Kосово.

Францускиот Апелациски суд ќе ја објави одлуката за можна екстрадиција на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кој беше командант на Ослободителната армија на Косово во војната во 1998 година.

Властите го приведоа кога слета во Франција на 4 јануари на барање на Србија којa го прогласи за воен злосторник поради улогата на лидер на герилскиот бунт во Kосово.

Според медиумите, судот веројатно ќе ја одложи одлуката до наредното сослушување.