30-тина кадети се пожалиле на симптоми на труење
06.04.2017 15:13
Од МВР информираат дека веднаш им била укажана лекарска помош, а тројца биле пренесени со брза помош во Клиничкиот центар.

30-тина кадети од Центарот за обука- Идризово се пожалиле дека имаат симптоми на труење. Тоа се случило околу 8 часот изутрината на смотрата во Полициската академија.
Од МВР информираат дека веднаш им била укажана лекарска помош, а тројца биле пренесени со брза помош во Клиничкиот центар. Само еден е задржан, другите двајца по дадена помош биле пуштени.
Причините, велат од Министерството за внатрешни работи, се истражуваат.
МВР во координација со Агенција за храна, околу пладне од објектот за исхрана во Центарот за обука, подигнале примероци од храна за понатамошно постапување.
