УКИМ ги отвори вратите за средношколците

06.04.2017 15:37

Отворен ден на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кампусот полн со матуранти. Идните студенти се запознаа со наставните програми, професорите и со можностите за студирање. Во рамките на манифестацијата се одбележува и 30-годишнината од постоењето на Еразмус програмата.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ги отвори вратите за средношколците. Епитетот прворангиран го наполни универзитетскиот кампус. Матурантите сѐ уште се двоумат за нивната идна професија, но се уверени дека на скопскиот универзитет ќе добијат квалитетно образование. Сегашните студенти со совет за идните колеги.

Долгата традиција, наставниот кадар, можностите за студирање, наставните програми е она што го издвојува УКИМ од останатите универзитети, вели ректорот Јанкуловски. За идната академска година некои од факултетите ги зголемија квотите, воведени се и нови програми.

Годинава голем интерес и за програмите за мобилност. На отворениот ден се презентираа активностите и проектите на наставниците и студентите, беше изложена и научната дејност на УКИМ.

Викторија Милевска