Да се зголеми свесноста за ефектите на депресијата врз работната способност
06.04.2017 15:46
Од Институот на медицина на трудот велат, депресијата ги зголемува трошоците- работникот отсуствува од работа, а на работното место е непродуктивен.

Да се зголеми свесноста кај работодавачите, но и кај здравствените работници, за ефектите кои ги предизвика депресијата врз работната способност на работниците.
Од Институот на медицина на трудот велат, депресијата ги зголемува трошоците- работникот отсуствува од работа, а на работното место е непродуктивен.
Според ФЗОМ, лековите за нервниот систем се трета најпотрошувана група на лекови во земјава. Затоа треба да се посвети поголемо внимание на психо- социјалните фактори кои можат да доведат до појава на стрес поврзан со работата.
