Денови на образование и кариера на Скопски саем
Домашни и странски високообразовни институции ги промовираат студиските програми на Скопскиот саем. Даваат информации за начинот на студирање, за добивање квалификации, за можностите за вработување.

Општествени и природни науки, поволности за студирање и можности за вработување. Домашни и странски универзитети со промоција на програмата се обидуваат да привлечат што е можно повеќе студенти. Битолскиот универзитет годинава се надева дека ќе успее да запише повеќе студенти за разлика од лани.
Странските универзитети се поголема конкуренција на домашните. На словенечкиот штанд, Александра Цветковска од Битола го сподели своето искуство за студирањето во Љубљана.
Словенечките универзитети меѓу најатрактивните. Лани 290 студенти се запишале таму. Најголем дел од нив се во Љубљана и во Марибор.
„Ние имаме многу поволности кои им ги нудиме на македонските студенти. Вашите студенти кога ќе дојдат во Словенија се еднакви како и словенските. Студираат бесплатно, може лесно да си најдат сместување, а има и бонови со кои може да се хранат во речиси 700 угостителски објекти. Јазикот го учат за една година“, вели Петра Бевек, претставник на иницијативата „Студирај во Словенија.
Он лајн курсеви и обуки од секаде, дел од саемската понуда. Велат, традиционалниот начин на предавање заминува во историјата, ќе биде замент со он лајн предавања во живо.
Наташа Јанчиќ
