Иванов: Не само Македонија, туку и многу други земји не се задоволни од двојните стандарди на ЕУ

06.04.2017 17:04

На Република Македонија и се блокирани евроатлантските интеграции, Европската унија треба да биде препознатлива по својата најголема моќ, а тое е европеизацијата, потенцира Иванов.

Двојните стандарди на либералниот поредок ни го оспорија правото на идентитет и на просперитет, рече претседателот Иванов во обраќањето на сесијата на претседателите на држави на Евроазискиот форум во Истанбул. На Република Македонија и се блокирани евроатлантските интеграции, Европската унија треба да биде препознатлива по својата најголема моќ, а тое е европеизацијата, потенцира Иванов.

Двојните стандарди на либералниот поредок нам ни го оспориja правото на идентитет, но и правото на просперитет. На Македонија ѝ се блокираат нејзините европски и евроатлантски интеграции. Затоа, на случајот Македонија станува очигледно лицемерието на овој меѓународен поредок кој колабира поради своите двојни стандарди. Не само Македонија туку и многу други земји не се задоволни од двојните стандарди на Унијата, рече претседателот Иванов.

Европската Унија, која беше мировен проект, треба повторно да стане препознатлива по својата најголема моќ, а тоа е европеизацијата. Балканот не го спомнав, бидејќи тој е коренот на Европа. Но, Европа треба допрва да се сети и да се врати на корените, истакна македонскиот претседател.