Систематски проверки на границите на Шенгенот
Патната исправа мора да е валидна барем три месеци по планираниот датум на заминување од државата на ЕУ, издадена 10 години пред патувањето. Мора да се оправда целта на престојот за чијашто реализација треба да се покажат доволно средства, вклучувајќи и транзит до трета земја.

Наместо едноставна проверка на патните документи, отсега секое лице кое патува во Шенген-зоната ќе мора да мине низ темелна проверка во базата на податоци на изгубени и украдени патни документи на Интерпол, и во државната база на податоци.
Патната исправа мора да е валидна барем три месеци по планираниот датум на заминување од државата на ЕУ, издадена 10 години пред патувањето. Мора да се оправда целта на престојот за чијашто реализација треба да се покажат доволно средства, вклучувајќи и транзит до трета земја.
Не смее да биде издадено предупредување за забрана за влез и патниците не смеат да претставуваат опасност за јавниот ред и мир, меѓународните односи, јавното здравје во земјите-членки.
Во ЕУ е забрането да се внесуваат месо и млечни производи. Овошјето, зеленчукот, бебешката храна и храната за милениците се дозволени само во ограничено количество.
