Општина Могила отпадната слама ја користи за енергетска ефикасност

07.04.2017 10:33

Со европски пари се поттикнува преработката на отпадна слама во пелети. Општинската зграда во Могила и училиштето имаат заштеда од 60 насто, а проектот наскоро треба да го прифатат и земјоделските стопанства и домаќинства.

Отпадната слама од житните култури општина Могила од зимоска ја користи за затоплување на општинската зграда и едно подрачно училиште. Со одобрените 150.000 евра од за апликацијата од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција ја набавивме постројката за производство на пелети од слама и ја поставивме парно инсталацијата, вели проект- менаџерот Марија Димова. Сламата која до неодамна се користеште како постилка за добитокот даде високи енергетско- ефикасни еколошки економски придобивки.

„Економскиот ефект е голем, општината имаше заштеда од 60.000 денари на месечно ниво, а исто така и подрачното училиште во Беранци. Исто така намалена е и емисијата на штетни емисии во воздухот“, вели проект- менаџерот Марија Димова.

Проектот кој се вклопува во настојувањата за рурален економски развој преку зајакнувањето на земјоделието. Македонија е земјоделска земја и има големи потенцијали за користењето на отпадната био- масата. Токму затоа во оваа успешна приказна отвара и пошироки можности.

„Ваквите примери очекувам да послужат како пример и за земјоделските стопанства и станбените објекти.Не е тешко преку здружување и набавка на заедничка опрема да си овозможат енргетски и економски бенифити“, вели градоначалникот на општина Могила, Стево Пивковски.

„Овој проект треба да биде поттик и за другите рурални општини за тоа како да креираат исплатливи енергетски политики“, вели одговорниот во секторот енергетика во делегацијата на ЕУ, Димитар Малиновски.

Имплементацијата на што повеќе вакви проекти ќе значи и следење на европската политика, дефинирана во пакетот 2020.

Стевче Митревски