По Брегзит, Лондон може да се збогува со титулата „финансиски центар на Европа“
07.04.2017 11:35
Шефот на финансиските челници на 19-те членки на Еврозоната потенцира дека тоа ќе се случи првенствено поради несогласувањата околу регулаторните стандарди.

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум изјави дека со Брегзит, Лондон ја губи привилегијата да биде финансиски центар на Европа.
Шефот на финансиските челници на 19-те членки на Еврозоната потенцира дека тоа ќе се случи првенствено поради несогласувањата околу регулаторните стандарди.
Обединетото Кралство се подготвува да го напушти блокот до 2019 година откако успеа референдумот за Брегзит, а владата го стартуваше двегодишниот процес за излез минатата недела.
