Одложена одлуката за испорачувањето на Рамуш Харадинај

07.04.2017 11:47

Според медиумите во Приштина, Харадинај пред судот изјавил дека француското правосудство верува во српската пропаганда, потенцирајќи дека злосторствата на Косово ги вршеле Србите.

Апелацискиот суд во Франција ја одложи одлуката за испорачување на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за 27 април.

Србија го обвинува за воени злосторства во Косово. Според медиумите во Приштина, Харадинај пред судот изјавил дека француското правосудство верува во српската пропаганда, потенцирајќи дека злосторствата на Косово ги вршеле Србите.

Хашкиот трибунал досега двапати го ослободуваше Харадинај, од обвиненијата што го товареа за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Косово, 1998-1999.