На Малта се решава судбината за грчката програма за спас
07.04.2017 12:04
Челниците на земјите-членки кои го користат еврото како валута ќе дискутираат и за економскиот раст и вработувањето, банкарската унија и состојбата на Кипар.

Министрите за финансии на Еврогрупата очекуваат значителен прогрес на состанокот на Малта околу разговорите за економската криза во Грција.
Челниците на земјите-членки кои го користат еврото како валута ќе дискутираат и за економскиот раст и вработувањето, банкарската унија и состојбата на Кипар.
Доколку не биде постигант договор за наредната транша, Еврозоната ќе закаже специјален состанок. Грција зависи од меѓународната помош уште од 2010 година.
