Гевгелија: На 23-ти април референдум за отворање на рудници за злато на Кожуф

07.04.2017 12:50

Овој датум беше утврден од ДИК, а потребните гласачки ливчиња и списоци ќе бидат подготвени од Општинската комисија.

Референдумот за отворање на рудници за злато на Кожуф планина, во реонот на Конска Река, ќе се одржи на 23-ти април, реши вчеравечер Советот на Општина Гевгелија.

Овој датум беше утврден од ДИК, а потребните гласачки ливчиња и списоци ќе бидат подготвени од Општинската комисија.

Советот на општината реши, градоначалникот Франгов и советниците да почнат со кампања за информирање на жителите за изјаснување на референдумот.