Припадниците на ЕБР добија сертификати за завршена обука за оперативни тактики при употреба на водени топови
07.04.2017 13:01
Обуката е реализирана со француските колеги.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување, посебната единица на полицијата добија сертификати за завршена обука за оперативни тактики при употреба на водени топови. Обуката е реализирана со француските колеги.
Во касарната во Ѓорче Петров благодарност за успешно реализираната обука и соработката меѓу македонската и француската полиција изразија амбасадорот на франција Кристиан Тимоние, како и налчалникот на Централните полициски служби Горан Ѓоргиевски.
