Му преседнал „Свети Трифун“
10.02.2014 13:29
Близу половина тон домашна ракија, е откриена од мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички.

Близу половина тон домашна ракија, е откриена од мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички. Проверката била извршена на патниот правец Катланово-Петровец. На седиштата на возилото, управувано од македонски државјанин, пронајдени се 24 пластични канистри со домашна ракија, чија вредност е проценета на 96 илјади денари.
