Во подготовка Закон за социјално претприемништво

07.04.2017 15:35

Во подготвка е нацрт на законот за социјално претприемништво. Со него ќе се зголеми вклученоста во пазарот на трудот и ќе се поттикне отворање нови работни места за социјално ранливите групи. Овие претпријатија ќе ја претпостават општествената одговорност пред профитот.

Со европски пари ќе се подобрува инклузивноста на пазарот на труд, преку отворање работни места за социјално ранливите групи. Предвидено е да се формираат претпријатија кои ќе даваат услуги од јавен интерес од здравството, психолошка поддршка, образование и слично, а кои ќе бидат ослободени од давачки кон државата.

Министерството за труд во подготовка на Закон за социјално претриемништво. За социјалните претпријатија, општествена одговорност е пред профитот.

Вакви социјални претпријатија постојат во голем броја земји од ЕУ.

 

Дијана Ценевска