Стокхолм: Камион удри во група пешаци, најмалку тројца загинати

07.04.2017 15:47

Настанот се случил во најпрометната пешачка зона во главниот град на Шведска. Полиција соопшти дека има и повредени лица.

Најмалку три лица загинаа, а повеќе лица се повредени откако камион удри во група пешаци, притоа забивајќи се во излог од продавница во центарот на Стокхолм, пренесува Би-би-си.

Настанот се случил во најпрометната пешачка зона во главниот град на Шведска. Полиција соопшти дека има и повредени лица.

Сведоци за локалните медиуми велат дека камионот влетал во излог од продавница, и дека многу луѓе биле повредени.