СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта
10.04.2017 10:15
Од партијата сметаат дека Груевски не може да се наметне како фактор и го повикаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не поттикнува насилство.

СДСМ бара да се овозможи мирен трансфер на власта. Никола Груевски мора да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на новата реформска влада, според мнозинската волја на граѓаните – велат Социјалдемократите.
Од партијата сметаат дека Груевски не може да се наметне како фактор и го повикаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не поттикнува насилство.
Брзо ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска влада на граѓаните на Македонија, формирана според деловникот на Собранието, Уставот и законите – велат од СДСМ.
