Во Македонија годишно се прават и по 100 ДНК анализи за утврдување сродство
Трагање по корените, утврдување родителство. Во Македонија годишно се прават и по 100 ДНК анализи за фамилијарно сродство. Се работат во Институтот за судска медицина, но и во Истражувачкиот центар на МАНУ. Најчести се оние за испитување на татковство, а задолжително е присуството и на мајката и на детето.

Многумина знаат да речат дека само мајката знае од кого е нејзиното дете, но во лабораториите кадешто се врши утврдување на татковство, велат дека постојано се сретнуваат со различни приказни, има и такви кога и мајката не знае кој е таткото на нејзиното дете.
Преку ДНК-тест до промена на судбината. За некој среќа, решавање на дилема, за друг откривање болна вистина. Во земјава годишно се прават над 100 анализи за утврдување сродство. Освен на Судска медицина, испитувања се прават и во Истражувачкиот центар во МАНУ.
Резултатот на судска медицина е готов за еден ден. За испитувања на татковство задолжително е присуство и на мајката и на детето. За многумина, ова е причина да се откажат од анализа.
Цената за утврдување фамилијарно сродство е различна, се движи од 18 до 32 илјади денари.
Ана Јосифовска- Тодоровска
