Уапсен руски програмер осомничен за хакирање на американските претседателски избори
10.04.2017 10:36
Американската влада официјално ја обвини Русија за хакирање на електронските пошти на Демократската партија...

Руски програмер е уапсен во Барселона поради сомнеж за вмешаност во хакерски напади во претседателската кампања на САД. Тој е вториот програмер за кого Вашингтон има издадено меѓународна потерница за овој случај.
Американската влада официјално ја обвини Русија за хакирање на електронските пошти на Демократската партија за да му помогнат на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да влезе во Белата куќа.
Официјална Москва ги негира обвинувањата.
