Продолжение на конститутивната седница
Реплики за Тиранската платформа, процедурални забелешки– кој е патриот, а кој предавник. Ова беа главните пораки од салата во Закодавниот дом. Социјалдемократите бараат да се гласа за претседател на Собранието, другата страна порачува дека не смее да се крши Деловникот.

Во Собранието, продолжи конститутивната седница. На дневен ред е предлогот за состав на Комисијата за избори и именувања.
Реплики за Тиранската платформа, процедурални забелешки– кој е патриот, а кој предавник. Ова беа главните пораки од салата во Закодавниот дом. Социјалдемократите бараат да се гласа за претседател на Собранието, другата страна порачува дека не смее да се крши Деловникот.
Согласно договореното, во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.
