Честитка од претседателот Иванов до Еврејската заедница по повод празникот Пасха
Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности...

Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Eврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
Ми претставува особена чест и големо задоволство, вам и на припадниците на еврејската заедница во република македонија, да ви го честитам претстојниот празник Пасха, кој е еден од трите празници на поклонението. Негувајќи ја традицијата ги негувате вистинските вредности на религијата, поклонението и ја славите слободата, наведува Иванов во честитката.
Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности, создавајќи вредности за идните генерации.
