ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори- единствен излез од кризата
Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава. Во Македонија не може да има двојазични банкноти, двојазични униформи, да се менува химната, знамето, грбот и ред други работи кои ги имаат ветено...

Раководство на Социјал-демократскиот сојуз е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и исполни уцените, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се обидоа да извршат пуч во Собранието преку кршење на деловникот и Уставот со цел да се замолчат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за точките од Тиранската платформа.
Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава. Во Македонија не може да има двојазични банкноти, двојазични униформи, да се менува химната, знамето, грбот и ред други работи кои ги имаат ветено. Затоа единствен излез од оваа криза во која Социјал-демократскиот сојуз ја доведе државата се нови парламентарни избори, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
