СДСМ: Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес

10.04.2017 12:54

Секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси ќе се соочи со својата одговорност, велат од партијата.

Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска влада на граѓаните на унитарна Македонија, согласно деловникот, Уставот и законите во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес на граѓаните и на Македонија. Секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси ќе се соочи со својата одговорност, велат од партијата.

Укажуваме на институциите и на вработените во нив, дека има ново парламентарно мнозинство и дека се должни да ги овозможат демократските процеси согласно мнозинската волја на граѓаните од изборите, стои во соопштението од СДСМ.