МНР побара потврда на информациите за почесниот конзул во Шпанија

10.04.2017 13:24

По добивање соодветни информации ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија, информираат од МНР.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Мадрид е побарана верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолeтни деца, од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија.

По добивање соодветни информации ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија, информираат од МНР.

Марио Деус, почесен македонски конзул во Барселона, кој е шпански државјанин, е уапсен во Јужна Африка поради сомневање за убиство на своите тригодишни близнаци.

Според деталите од јужноафриканската полиција, телата на близнаците, момче и девојче, ги пронашла нивната мајка Ј.Е. која е швајцарска државјанка во летната резиденција на Деус во Хоунг Беј, блиску Кејптаун. Кога таа стигнала во вилата, Деус влегол во нејзиното возило и побегнал, но подоцна бил уапсен во Кејптаун.