Челниците на Јужна Европа ќе одржат самит во Мадрид

10.04.2017 13:39

Средбата на премиерот на Шпанија Маријано Рахој и челниците на Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Малта ќе се фокусира и на миграцијата, економијата, одбраната...

Лидерите на земјите во јужна Европа ќе одржат самит во Мадрид со кој ќе демонстрираат единство по стартувањето на процесот за британскиот Брегзит.

Средбата на премиерот на Шпанија Маријано Рахој и челниците на Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Малта ќе се фокусира и на миграцијата, економијата, одбраната, социјалната политика и сириската криза.