ЕК очекува избор на нов спикер и на нова влада без одложување

10.04.2017 13:46

Од Брисел очекуваат сите политички лидери и институции да дозволат да се одвиваат демократските процеси.

„Европската комисија очекува избор на нов спикер и на нова влада без одложување“ – е пораката од Брисел. Оттаму очекуваат сите политички лидери и институции да дозволат да се одвиваат демократските процеси.

„Ги следиме збиднувањата, повторуваме,  резултатите од неодамнешните избори за пратеници мора да се почитуваат, да престане сегашната неизвесност и  владата мора да се востанови без натамошно одлагање засновано врз присутното парламентарно мнозинство. Двата високи европски претставника и комесарот Хан побараа од претседателот да ја отповика и да ја преиначи неговата позиција. Очекуваме се разбира од сите политички лидери и институции да се овозможи демократскиот процес, што се разбира вклучува и избор на нов претседател на Собранието што би сакале да го видиме без никакво одлагање“, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.