Врховен суд: СЈО одбива соработка
Барањето, во кое е наведена итноста, до обвинителството било доставено во минатиот четврток, но и покрај остварените телефонски разговори со шефот на кабинетот на специјалната обвинителка, одговор досега не е испратен, се вели во соопштението на судот.

Специјалното јавно обвинителство одбива соработка со Врховниот суд во земјава, бидејќи сѐ уште не одговорило на барањето на судот за информација поврзана со незаконското следење на комуникациите, инфорнираат од оваа судска инстанца во земјава.
Барањето, во кое е наведена итноста, до обвинителството било доставено во минатиот четврток, но и покрај остварените телефонски разговори со шефот на кабинетот на специјалната обвинителка, одговор досега не е испратен, се вели во соопштението на судот.
Во оваа институција оценуваат и дека со одбивањето на СЈО да ја достави информацијата се влијае и се одолговлекува итната постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија.
