Европските метрополи- атрактивни деснинации за Велигден
Европските метрополи се најпримамливите дестинации за Велигденскиот продолжен викенд. Атрактивни остануваат македонските туристички центри. Има и такви кои за празникот ќе останат дома...

Бугарија, Грција, Чешка, Русија, Франција се само дел од дестинациите кои ги нудат туристичките агенции за Велигден.
„Дракула турата и турата во Прага можам да ги истакнам, од друга струана тука се и авионските тури- Париз, Москва и Санкт Петерсбург, Грузија и Азербејџан годинава се многу популарни, така што имаме широка палета на производи кои им ги нудиме на македонските граѓани за овие четири дена одмор. Од поблиските дестинации атрактивни се соседните земји, Бугарија и Грција“, вели Мартин Петковски, директор на туристичка агенција.
485 евра чини патување во Париз со четири ноќевања, за во Москва и Санкт Петерсбург цената е иста, додека патувањата за Азербејџан и Грузија за 12 дена чинат над 1000 евра. Но, може да се најде и хотелско сместување од 30 евра за ноќевање со полупансион.
Од туристичките агенции велат за Велигден се бираат подалечни дестинации, за 1-ви Мај патувањата се во регионот. Оние со авантуристички дух, повеќе се одлучуваат за индивидуалните аранжмани и повеќе сакаат да патуваат со авион. Според нив, за продолжените викенди интерес секогаш постои за Грција и Бугарија.
Едни, плановите за патување ги кројат според буџетот, други според обврските. И годинава, атрактивни остануваат македонските туристички центри. Има и такви кои за празникот ќе останат дома.
По празниците ќе се прави стратегија за летување. Агенциите освен за Грција, нудат аранжмани за Хрватска, Црна Гора, Крит, Шпанија, Турција, каде што може да се патува и со чартер.
Наташа Јанчиќ
