Наскоро амбасада на Македонија во Јапонија
Заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија, Такао Макино, на 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи во посета на Македонија.

Се сретна со заменик Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Зоран Петров. Биле разменети и писма меѓу премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји.
Во контекст на писмата меѓу двајцата Министри, македонскиот- Никола Попоски наведува “Bо оваа јубилејна година за односите меѓу нашите земји, Република Македонија ќе го испрати својот прв резидентен амбасадор во Јапонија, што верувам ќе придонесе за натамошно зајакнување на соработката. Се надевам дека во најскоро време и Република Македонија ќе го пречека првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Скопје”
Министерот Кишида во писмото до Попоски, во еден дел истакнува: “Нашите билатерални односи почнаа пред 20 години и се развиваат постојано”.
Во продолжение, на средбата со Зоран Петров била разгледана и досегашната билатерална соработка меѓу двете држави, како и можностите и перспективите за нејзино унапредување во иднина во сите сфери од заеднички интерес, пред се во економијата, културата, образованието и науката. Се разговарало и за продолжување на јапонската техничка помош преку финансирање на дополнителни проекти стои во соопштението од МНР.
Лидија Чакар
