Џонсон: Потребни се нови санкции за Русија

10.04.2017 15:11

Во изјава, пред министерскиот состанок на групата Г7, посветена, главно, на сириската ситуација, Џонсон рече дека е време Владимир Путин да се соочи со вистината за тиранинот Асад.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон смета дека би требало да се воведат нови санкции за Русија, доколку Москва не ја повлече поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Во изјава, пред министерскиот состанок на групата Г7, посветена, главно, на сириската ситуација, Џонсон рече дека е време Владимир Путин да се соочи со вистината за тиранинот Асад.

Русија веќе е изложена на санкции, по анексијата на Крим во 2014-та година и кризата во Источна Украина.

Министерот џонсон, требаше денеска да отпатува во Москва, но ја откажа посетата, оправдувајќи го тоа со најновиот развој на ситуацијата во Сирија, по нападот со хемиско оружје врз бунтовниците.