25 години Артилеријски баталјон во Прилепската касарна

10.04.2017 15:36

Артилеријскиот баталјон во Прилепската касарна денеска одбележа 25 годишнана од формирањето. 10-ти април е денот на единицата кога беше формиран Вториот мешовит арилеријски полк и е дел од главната борбена сила на АРМ. Во октомври ќе има ресертификација на единицата според НАТО стандардите и ќе бидеподготвена за учество во операции предводени од НАТО.

Пред точно 25 години со указ на претседателот и врховен командант, токму во прилепската касарна е формиран вториот мешовит артилеријски полк како прва артилеријска единица на АРМ. Секоја година сеобучуваа 4 генерации регрути, а три години фунционираше и школата за резервни офицери.

Баталјонот со професионалните војници ги негува традициите на артилеријата кои имаат корени од Илинденското востание и црешовото топче, преку НОБ, па се доформирањето на АРМ. Претстои ресертификација според НАТО стандардите.

Покрај основната цел, огнена поддршка на единиците, учествува и во хуманитарни мисии, им помага на граѓаните, а голем предизвик беше бегалската криза. Единицата ќе се модернизира и доопремува, а најдобриот вод доби посебно признание.

Во касарната се преку 400 професионални војници кои помагаат и во функционирњето на градот.

Прилепската касарна е реактивирана во 2013-та година по 7 годишна пауза.

 

Елизабета Митреска