Последен ден од Саемот на книга: Најбарани бестселерите и автобиографиите
Меѓународниот Саем на книгата завршува денеска. Донесе нови изданија и промоции за љубителите на пишаниот збор. Беа застапени повеќе од 80 издавачки куќи...

Штандовите полни, граѓаните ја користат последната можност да купат добра книга. Вака беше на последниот ден од 29-то издание на Меѓународниот Саем на книгата во Скопје. Издавачите задоволни од посетеноста. Велат- македонците сакаат да читаат различни жанрови. Најбарани се бестселерите, автобиографиите, а сѐ поголем интереси за историските книги и за стручната литература.
Годинава издавачите ги збогатија штандовите, понудија книги од домашни и странски автори по промотивни цени, со што уште повеќе ги поттикнаа граѓаните да се појават на саемот. Саемската недела помина и со низа промоции, дебати, дружба со писатели, детско катче за најмладите.
На последниот саемски ден, најдобрите издавачи добија награди.
Викторија Милевска
