Метео: Сончево време со мала до умерена облачност

10.04.2017 16:05

Попладне ќе настапи локално наоблачување проследено со услови за слаб дожд повеќе на планинските предели и на некои повисоки места.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.

Попладне ќе настапи локално наоблачување проследено со услови за слаб дожд повеќе на планинските предели и на некои повисоки места.

Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните часови ќе промени правецот во северен.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска