Три жртви во пукањето во Сан Бернардино

11.04.2017 10:27

Осомничениот со оружје влегол во училницата каде што неговата сопруга со која живеел разделено подучувала деца со посебни потреби.

Двајца возрасни и едно дете загинаа во инцидентот во основното училиште во Сан Бернардино, Калифорнија. Осомничениот со оружје влегол во училницата каде што неговата сопруга со која живеел разделено подучувала деца со посебни потреби.

Откако ја убил, повредил и две деца кои стоеле зад неа, а потоа извршил самоубиство. Во болница починало едно од нив.

53-годишниот Седрик Андерсон претходно бил осудуван поради употрeба на оружје, домашно насилство и дрога.