Вработен во НЛБ украл 2 милиони франци и 270 илјади евра

11.04.2017 10:50

Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката околу 17 часот вчера. Тој посочил дека вработениот ги пикнал парите в кеса и избегал. Од МВР информираат дека увидот е завршен и се трага по крадецот.

40-годишен Скопјанец вработен во НЛБ Тутунска од трезорот украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката околу 17 часот вчера.

Тој посочил дека вработениот ги пикнал парите в кеса и избегал. Од МВР информираат дека увидот е завршен и се трага по крадецот.

Повеќе детали за истрагата најавија за во текот на денот.