Врховниот суд одлучува по барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

11.04.2017 10:54

Специјалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд, бидејќи како што велат е дел од прислушуваните разговори во период кога Вангеловски исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот.

Врховниот суд на затворена седница одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски. Специјалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд, бидејќи како што велат е дел од прислушуваните разговори во период кога Вангеловски исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот.

Како што појаснуваат од СЈО во барањето, тој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски.

На седницата се резгледуваат и приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец го донесе в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев.

Во Врховниот суд пристигнале 17 приговори, но не се исклучува можноста нивниот број да е поголем.