Eкспертите на УНЕСКО ја започнаа мониторинг мисијата во Охрид
Серијата најавени работни средби почнаа со посета на управната зграда на Националниот парк „Галичица“, кадешто зад затворени врати остварија средба со раководството на установата. На средбата присуствуваа и претставници на Владата.

Експертите на УНЕСКО ја почнаа својата мониторинг- советодавна мисија во Охрид. Серијата најавени работни средби почнаа со посета на управната зграда на Националниот парк „Галичица“, кадешто зад затворени врати остварија средба со раководството на установата. На средбата присуствуваа и претставници на Владата.
По покрената постапка за измена на планот за управување, реагираа од невладиниот сектор, но и експертите на УНЕСКО кои на конвенцијата одржана во Истанбул изразија загриженост дека со реализација на државните проекти за изградба на експресен пат, ски центар и туристички развојни зони во Националниот парк „Галичица“, може да се загрози статусот на охридскиот регион кој е прогласен за светско природно и културно наследство.
Предвидено е експертите на УНЕСКО да остварат средби и со претставници на Заводот и музејот, со локалната самоуправа и со невладиниот сектор и еколошките организации.
