Грчките конзервативци ја зголемија предноста пред СИРИЗА

11.04.2017 11:27

Екстремнодесничарката „Златна зора“ повторно е трета политичка сила со 7,5 отсто доверба кај гласачите, а по неа е Комунистичката партија со седум отсто, Демократскиот блок (ПАСОК-ДИМАР) со 6,5 отсто.

Најновата анкета на грчкиот печат покажа зголемена предност на десноцентристичката партија „Нова демократија“ во однос на левичарската СИРИЗА. Ако се гласаше сега, конзервативците ќе победеа со разлика од 17,5 проценти.

Екстремнодесничарката „Златна зора“ повторно е трета политичка сила со 7,5 отсто доверба кај гласачите, а по неа е Комунистичката партија со седум отсто, Демократскиот блок (ПАСОК-ДИМАР) со 6,5 отсто.

Останатите партии се под трипроцентиот цензус за влез во  Парламентот. Анкетата следи по минатонеделната принципиелна спогодба на грчката Влада и кредиторите.