По Г7, Тилерсон оди во Русија
11.04.2017 13:09
Целта на посетата е да се убеди Русија да се откаже од поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад.

На самитот на Г7, министрите за надворешни работи на седумте најразвиени земји усогласија заедничка позиција за сирискиот конфликт, пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Москва.
Целта на посетата е да се убеди Русија да се откаже од поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Тилерсон доаѓа во Москва по хемискиот напад во Идлиб во кој загинаа 70 лица. Западните земји ги обвинија владините сили на Дамаск за масакрот.
