Приведено едно лице за кражбата во НЛБ Банка

11.04.2017 13:22

Според полицискиот билтен, во полициската станица Кисела Вода вчера вечер е приведено едно лице поврзано со кражбата.

Голем грабеж во главната експозитура на НЛБ Тутунска банка. Според полицискиот билтен, во полициската станица Кисела Вода вчера вечер е приведено едно лице поврзано со кражбата.

Директорот на Трезор на НЛБ, вчера околу 17 часот пријавил дека нивен вработен Б.С. (40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Според пријавата, вработениот одзел швајцарски франци и евра во вкупна вредност од околу три милиони евра (2 милиона франци и 270 илјади евра), по што незабележан од никого побегнал во непознат правец.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.