Пивара Скопје инвестира 1,4 милиони евра во нова опрема за полнење шишиња

11.04.2017 13:35

Инвестицијата отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ

Со најновата инвестиција од 1,4 милиони евра Пивара Скопје го зголеми капацитетот за полнење пиво во стаклена амбалажа за 30 насто. Истовремено се намалени и трошоците за вода и за енергија.

Оваа нова технолошки напредна опрема за полнење е многу повеќе од обична машина. Таа е инвестиција која отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека во последните 10 години во Пивара Скопје се инвестирани над 40 милиони евра во моедрнизација на производството, а таквиот тренд засилено продолжува и во 2017 година.