Коѕиас загрижен за стабилноста на Македонија
Грчкиот шеф на дипломатијата оценува дека нестабилноста на земјата се должи на недостигот на култура на компромис...

Грчкиот шеф на дипломатијата е загрижен за стабилноста на Македонија и оценува дека нестабилноста на земјата се должи на недостигот на култура на компромис. Ова Никос Коѕиас го нагласил при својот говор на настан организиран од движењето на идеи и акција „Прато“.
Тој се осврнал на состојбите во Европската унија, споредувајќи ја со нова Римска Империја без визија и ориентација.
Европа се соочува со криза при справувањето со кризи, истакнал Коѕиас кој ги коментирал и состојбите во Турција и во Албанија. За првата Коѕиас рекол дека е нервозна сила која посакува ревизија на Договорот од Лозана, а за втората ги повторил европските услови за почеток на пристапните преговори.
