Алтхаузер: Потребна е политичка воља за решавање на кризата

11.04.2017 14:39

Парламентот да биде оперативен, да избере претседател, а потоа да се избере и Влада, изјави германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.

Потребна е политичка воља за решавање на политичката криза во Македонија, Парламентот да биде оперативен, да избере претседател, а потоа да се избере и Влада, изјави германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.

Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Парламентот да биде оперативен, да се организира самиот, да избере претседател, а потоа да се избере и Влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните, нагласи германската амбасадорка.

Таа смета дека треба што побрзо да се избере претседател на Собранието, и како што наведе, убедена е дека тоа ќе се случи. Алтхаузер вели дека кризата негативно се одразува и врз стопанството.