Во градежништвото се очекува зголемување на бројот на вработени

11.04.2017 15:09

Индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017-та година е зголемен за 1,3 процентни поени во однос на истиот период лани...

Менаџерите на градежните компании очекуваат вкупните порачки за градежни работи да останат на ниво од претходното тримесечје, и да се зголеми бројот на вработени во наредните три месеци, соопшти Државниот завод за статистика.

Индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017-та година е зголемен за 1,3 процентни поени во однос на истиот период лани. Се очекува зголемување на продажните цени, но на перформансите на фирмите негативно можат да влијаат зголемените трошоци за материјали, како и намалената побарувачка и конкуренцијата во сопствениот сектор.

Државната статистика соопшти дека во февруари биле издадени 363 одобренија за градба на објекти вредни 103 милиони евра, од кои 705 станови. Бројот на одобренија е зголемен за 8,5 насто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.