Војна во квечерината на Краснаја Пољана
Одново ќе одекнат истрели во квечерината на Олимписко Сочи, во прекрасниот биатлон ски-центар Лаура. Победникот ќе го решава еден истрел, еден погодок или промашување, а секој од 60-те атлети ќе се надева дека ќе биде прецизен во сите 20 обиди, дека ќе успее да се смири, да се концентрира и да биде прецизен кога ќе биде најтешко.
Потерата може да почне.
12 години по последното индивидуално Олимписко злато во Солт Лејк, но како 12-ти Олимписки медал Оле Еинар Бјорндален со победата во спринтот на 10 км. го израмни рекордот на Бјорн Дели.

Денешниот , но и предизвикот во кариерата на „Кралот“ е нов пиедестал, за влез во историјата како единствен со 13 медали од ЗОИ. „Канибалот“-како што е уште еден негов прекар е свесен за предизвикот , но и за тоа дека зад себе ќе има уште погладни од него. Австриецот Ландертингер ќе стартува само 1 секунда по него, Соукуп и Шипулин 6 секунди.
Фуркад е на 12 секунди,Свендсен на 29. Двајцата големи фаворити знаат дека потфрлија во спринтот, денеска е шансата да покажат зошто се на врвот во светскиот куп.
Потерата почнува во 16 часот. Сите против единствениот Бјорндален.
Преносот на МРТ 1 е во 15.55 часот.